Мојата волшебна книга во кутија

Преку креативна работилница „Мојата волшебна книга во кутија“, децата кои беа дел од неа, открија дека книгите не се само за читање- тие се светови, ликови, соништа и емоции.

Со многу фантазија, боја и тимнска работа, малите читатели изработија волшебна кутија во која „оживеаја“ нивните омилени приказни. Секоја кутија раскажува своја приказна и носи силна пореака: „Читањето е магија што не поврзува“.

Ја наполнивме кутијата со ликови и ја оставивме и други деца кои доаѓаат во ЈЛБ„Илинден“-Делчево, да ги ставаат своите ликови, соништа и фанатазија од омилените приказни во неа.

За крај, не игравме игри на мобилен и не гледавме во екран , игравме не лути се човече, домино и други друштвени игри.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *