„Нашето училиште од соништата“

Детската фантазија  беше главниот архитект во ЈЛБ„Илинден“- Делчево! На креативно – едукативната работилница „Нашето училиште од соништата“, децата преку слики, дизајн и идеи создадоа училиште какво што замислуваат – исполнето со бои, насмевки, природа, нови идеи и простор каде учењето е радост.

Со многу креативност, разговор и инспирација, малите учесници покажаа дека соништата за подобро училиште започнуваат токму од нивната имагинација.

Работилницата се реализираше во соработка со Искра Георгиевска,претставник на Делчево во Американските совети, на која и благодариме за поддршката, енергијата и прекрасната работа со децата.

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, останува место каде што идеите растат, а детските соништа добиваат форма.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *