ЈЛБ „Илинден“ го одбележа меѓународниот ден на жената со своите читателки пензионерки

По повод 8 -ми март, денот на жената ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, со особена чест и радост организираше дружење со своите читателки пензионерки. Дружењето беше исполнето со книги, разговори и спомени.

Под мотото „Жени, книги и спомени“ , се потсетивме на силата на жената низ времето, на приказните што ги носиме во себе и на љубовта кон читањето која не поврзува со генерации.

Споделувавме животни приказни, разговаравме и уживавме во пријатна атмосфера, затоа што библиотеката е место каде секоја приказна има вредност, а секоја жена е приказна сама за себе.

На убав и посебен начин го прославивме празникот на жената, мудроста и убавината на животното искуство. Ни беше задоволство што наши гости беа нашите читателки што ја пишуваат историјата на библиотеката.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *