Во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, се одржа работилница на тема: „Весници на пролетта“,на која учествуваат предшколските групи од детската градинка „Весели цветови“.
Малите посетители се запознаа со првите пролетни цвеќиња: кокиче, лале, качунка, нарцис, игличка, кукурек, темјанушка, кои се вистински весници на доаѓањето на пролетта.
Преку разговор, учење и креативна работа, децата ја откриваа убавината на природата и радоста што ја носи новото годишно време. Работилницата помина во весела и убава атмосфера, исполнета со детски насмевки, љубопитност и многу пролетна инспирација.
ЈЛБ„Илинден“ – Делчево секогаш со радост ги отвара своите врати за најмалите, поттикнувајќи ја нивната љубов кон книгите, природата и креативноста.
Благодарност до сите дечиња , до нивните воспитувачки Гордана, Бојана и Јадранка и воспитувачките Македонка, Магдалена, Туркијана и Сузана.
Да бидеме како пролетта, будни, цветни и да шириме радост!






