Заеднички настан на ЈЛБ„Илинден“ и НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“. На едно место го претставивме делото на Дијана Петкова, нејзините слики преку изложба и промоција на нејзината збирка „Разбудена вода“
Збирката, „Разбудена вода“ содржи дваесет хаи[бун]накуа и дваесет фотографии од слики од самата авторка.
Во најновата книга на Дијана Петкова, која ја промовираме,симболот на водата е многу моќен. Авторката пишува за свеста на водата, но и за свеста за водата.
„Разбудена вода“ претставува и пример за таканаречено женско писмо и тоа од многу аспекти. Прво, напишана е во жанр измислен и промовиран од жена авторка, кој се базира на жанр кој, исто така, е измислен и промовиран од жена авторка, а на ова може да се надоврземе и дека ниту еден маж автор никогаш претходно не напишал книга во овие жанрови.
Писателката Дијана Петкова е мошне интересен феномен на современата македонска книжевна сцена. Вљубеничка во хибридните книжевни форми, инспирарани од традиционалните јапонски и модерните американски куси поетски форми, создава свои авторски форми, а во нејзината најнова експериментална збирка „Разбудена вода“ поместува дваесет патописи инспирарани од нејзините патувања на места каде што има вода.
И токму во оваа комбинација на нова и авторска книжевна форма во комбинација сопатописот и мотивот на екологијата се содржи најголемата иновативност и уникатност на ова дело.






