Со намевки и детска радост, во нашата библиотека ни гостуваа дечињата на возраст 4 и 5 години групи „Виножито“ и „Цветчиња“ од детската градинка „Весели цветови“ – Делчево.Тие беа дел од работилницата на тема „Птици преселници“.
Читавме сказни за штркот, ластовичката и славејот, за тоа како штркот направил јадење за лесицата, па го ставил во грне, за тоа дека славејчето пее најубаво и др.
Малите рачиња вредно изработуваа прекрасни слики со ластовички и штркови, учејќи за нивното патување на југ и враќање дома, за нивните гнезда,и убавото чувство што ни го даваат кога ќе ги видиме.
По завршувањето на работилницата,нивните уметнички дела беа изложени на дрвца во градскиот парк, разубавувајќи го просторот со детска фантазија и љубов кон природата.
Им благодариме на сите дечиња, воспитувачките Марија и Весна , негователките Ангела, Јадранка, Тамара и Маријаи психологот Андријана.
ЈЛБ„Илинден“ упатува благодарност до детската градинка „Весели цветови“ за одличната соработката.










