Нова донација на детска литератута од наши сограѓани од Австралија

Голема благодарност за пријателите на книгата кои повторно ја збогатуваат  нашата библиотека.

Со радост ве информираме дека ЈЛБ„Илинден“ – Делчево доби уште една вредна донација на детска литература на англиски јазик од Кире и Виолета Атанасовски од Австралија. Ова е нивна четврта донација, што уште еднаш ја потврдува нивната љубов кон книгата и грижата за најмладите читатели.

Новите наслови ќе бидат наменети за нашите најмлади членови кои сакаат да читаа на англиски јазик, а преку нив ќе имаат можност да откријат нови светови, да ја развиваат својата имагинација и љубовта кон читањето.

Искрено им благодариме на фамилија Атанасовски за континуираната поддршка и доверба.Ваквите хумани гестови се вистински пример како заедно можеме  да создадеме подобри услови за раст и развој на идните генерации.

Вратите на библиотеката секогаш се отворени за знаење, љубов и добрина.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *