По повод светскиот ден на книгата, библиотеката доби подарок книги од детската градинка, што дечињата сами ја изработија

По повод светскиот ден на книгата – 23 април, нашата библиотека имаше чест да биде дел од една искрена и топла детска приказна.

Дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ на возраст 4 и 5 години, групи Виножито и Цветчиња, со многу љубов и фантазија и шарени бои, изработија свои мали книги исполнети со цртежи и детски мисли. Овие уникатни творби создадени од нивните мали рачиња, ни ги подарија на библиотеката. „Трите прасиња“ и „Трите пеперутки“, ќе бидат обработени и достапни до сите дечиња.

Нивните „книги“ ни ги раскажаа преку песна и драматизација. Прекрасно. Браво дечиња!

Со овој прекрасен гест , најмалите ни покажаа дека љубовта кон книгата започнува уште од најрана возраст. Нивните две „книги“ не се само цртежи и реченички, тие се искрена приказна, соништа и детска креативност што ќе останат трајно зачувани во нашата библиотека.

Им благодариме на дечињата и нивните воспитувачки и негователки за овој незаборавен подарок.

Нека ова биде поттик сите заедно да ја негуваме љубовта кон книгата и читањето.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *