Детска работилница по повод светскиот ден на книгата

По повод Светскиот ден на книгата – 23 април, во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево се одржа интересна, креативна и весела работилица на која учествуваа 18 дечиња.

Низ игра и дружба, дечињата откриваа ликови од познати сказни кои и ги раскажуваа, чекор по чекор создадоа заедничка приказна, збор по збор се роди убава приказна, а како автори се потпишаа токму дечињата. Исто така, тие со голема љубопитност се натпреваруваа барајќи „познати ликови“ од омилени бајки , скриени меѓу книгите во читалната на библиотеката.

Нивната фантазија, смеа и љубов кон книгите уште еднаш ни покажа дека читањето живее токму во детските срца.

Благодариме на сите дечиња за прекрасната енергија и радост што ја донесоа во библиотеката!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *