По повод 5 Мај- денот на македонската азбукаи македонскиот јазик,„ ЈЛБ„Илинден“ – Делчево доби вреден и значаен подарок од нашиот сограѓанин и советник во Советот на општина Делчево, Игор Гошевски.
Станува збор за донација од голем број книги од македонски автори, како и слики од наши познати чувари на македонскиот збор и јазик, дар што претставува збогатување на библиотечниот фонд, но и на културниот дух. Сликите веќе го красат примоиздајното одделение на библиотеката.
Со овој благороден чин, уште еднаш се потврдува дека љубовта кон книгата, кон јазикот и кон македонската култура живее меѓу нас и се пренесува како вредност што не обединува.
ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, изразува благодарност за донацијата, за поддршката и за препознавањето на значењето на библиотеката како чувар на пишаниот збор и духовното наследство.
Нека овој гест биде поттик и инспирација за сите, да ја негуваме македонската реч, да читаме повеќе, особено македонски автори, и да ја чуваме нашата културна традиција.



