Толпото време не е пречка да се посетува библиотеката, велат членовите пензионери

Љубовта кон книгата не ја победуваат ниту летни горештини.

Додека сонцето пече, вратите на нашата библиотека секојдневно ги отвораат токму оние кои со години се најверните чувари на љубовта кон книгата – нашите читатели- пензионери.

Со тивка насмевка, со книга под рака и со истата возбуда како и првиот пат кога зачекориле во библиотеката, тие нè потсетуваат дека вистинските вредности не избледуваат со времето. Нивната верност не се мери со бројот на прочитани книги, туку со љубовта, почитта и навиката што ја негуваат со децении. Тие се жив доказ дека читањето не е само хоби, туку начин на живот.

Од срце им благодариме што и во најтоплите летни денови избираат книгата да им биде најубавото друштво и што со своето присуство ја прават библиотеката потопла од секое летно сонце.

Нашите највозрасни читатели не се само членови на библиотеката – тие се нејзината душа, нејзината меморија и нејзината најголема гордост.

Мало внимание од ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, затоа што горештините и високите температури не им пречат да ја посетат библиотеката, денес одделивме за Душанка Цонева, Ристе Синадинов, Љубинка Тодоровска, Роза Стојковска и Верка Тодоровска.

Убав , мудар муабет, кафе и креирање на топ листа на педлог книги за читање од нашите читатели – пензионери. Им благодариме што денес беа наши гости и посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели. Нека бидат и мотивација за сите други , а особено за децата, да читаат и ова лето , затоа што книгата е навистина прозорец кон светот. На средбата повторно беше побарано библиотеката да создаде услови, книги да се носат до дома на повозрасните членови кога не се во можност да дојдат до библиотеката, кога е премногу топло или ладно или од било кои други оправдани причини, меѓу кои и тоа што библиотеката нема лифт.

Ова барање ќе се потрудиме да биде реализирано во најкраток можен рок.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *