Разгледницата не е само парче хартија – таа е мала приказна, спомен и насмевка што патува од едно на друго место.Разгледницата е мал картон со фотографија или цртеж од некое место, град, природа или знаменитост. На задната страна има место за кратка порака, адреса и поштенска марка.
Пред многу години , кога немаше мобилни телефони и интернет, луѓето често испраќале разгледници до своите најблиски. Така им раскажувале каде патуваат, како си поминуваат и им испраќале убави желби. Разгледниците биле симбол на внимание, пријателство и споделување убави моменти.
Тие се спомен на едно време, сведоштво за местата што сме ги посетиле и прекрасен начин да зачуваме дел од нашите патувања и сеќавања.Денес ЈЛБ„Илинден“ – Делчево продолжи со „Летните шарени приказни“ и реализираше работилница насловена „Магијата на разгледниците“.
Дечиња кои беа дел од оваа работилница имаа можност да се запознаат со тоа што е разгледница и зошто биле толку популарни порано, разгледуваа и пишуваа стари разгледници од Делчево и околината и изработуваа свои уникатни разгледници од Делчево, со порака на нив , зошто го сакам Делчево.
Читалната беше полна креативност, возбуда и мали приказни кои патуваат со насмевка.Напишаните разгледници децата ги поделија на вработените во ЈЛБ„Илинден“, НУЦК„Н. Ј. Вапцаров“ и Општина Делчево и случајни минувачи. Разгледниците кои сами ги креираа со порака за градот ги поставивме во градскиот парк.









