Кога книгите стануваат игра, а играта – вистинска авантура!
Во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се одржа весела и креативна работилница исполнета со смеа, дружење и многу позитивна енергија.
Преку пантомима, играта „Глув телефон“ и низа интересни предизвици, нашите најмлади читатели погодуваа наслови на лектири и сликовници. Натпреварувачкиот дух ги мотивираше сите да бидат брзи, снаодливи и тимски настроени, а секој точен одговор беше проследен со искрени насмевки и громогласен аплауз.
Најубавото од сè беше што децата уште еднаш покажаа дека книгите можат да се доживеат на безброј интересни начини. Преку играта го поттикнуваме читањето, ја развиваме креативноста, комуникацијата и љубовта кон литературата.
Благодарност до сите дечиња што со својата енергија и ентузијазам ја направија оваа работилница незаборавна.







