Промовирана книгата „Преживував додека се градев“ од роднокрајната авторка Eлеонора Ивановска

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево,  го промовираше делото – првенче „Преживував додека се градев“, автобиографско дело на нашата млада роднокрајна авторка Елеонора Ивановска.

Секоја прва книга е храбар чекор. Но, кога таа книга е испишана со вистински животни искуства, со болка, падови, надеж, борба и повторно издигнување, тогаш таа станува многу повеќе од книга. Таа станува сведоштво за човечката сила и истрајност.

Вечерва промовиравме литературно дело но и животна приказна, една исповед и едно силно потсетување дека и најтешките животни премрежја можат да станат темел врз кој се гради нов почеток.

Како библиотека, особено сме горди кога можеме да ги поддржиме нашите роднокрајни автори.Нивните дела се дел од културниот идентитет на нашиот град и инспирација за сегашните и идните генерации. Промотор на книгата беше магистер Даниела Такева која на еден убав детален начин го промовираше делото, предизвикувајќи силни емоции кај присутните.

Промоцијата на оваа книга ја сместуваме во нашата активност „Тивките хероини меѓу нас“, за жените кои својата болка ја носат со достоинство, со насмевка што крие 1000 солзи.Елеонора е една од нив.Толку млада , а веќе научила лекции ,што многумина не ги учат за цел живот.Таа една од тивките хероини меѓу нас, затоа што во секоја болка и солза нашла сила да стане .Нека нејзината приказна биде потсетник дека најголемата храброст не е да не паднеш, туку секојпат повторно да станеш.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *