Во нашата работилница „Мојата прва библиотека“ денес читавме бајки, се дружевме со омилените книжевни ликови и преку забавно-едукативни активности учевме, создававме и се забавувавме.
Ги развивавме графомоторните и когнитивните вештини, цртавме, создававме и најважно – уживавме во секој момент поминат со книгата.
А потоа направивме нешто посебно!
Создадовме шарен и креативен мозаик, од кориците на сликовници и лектири кој го поставивме во дворот на библиотеката, пред Општинската зграда.
Така, книгите излегоа од полиците и станаа дел од нашиот градски простор – шарена декорација, детска фантазија и порака дека библиотеката е место за учење, дружење, игра и создавање.
Затоа што кога уште од најмала возраст ќе го засакаш светот на книгите, приказните остануваат со тебе цел живот.








