ЈЛБ„Илинден“ – Делчево уште еднаш покажува дека во неа сите форми на уметноста можат да најдат свој дом. За прв пат во нашиот град се промовира графички роман(стрип), а при тоа присуствуваат и гости од Италија, на овој навистина значаен културен момент. Денеска отвараме едно ново поглавје во културниот живот во Делчево.Го промовираме стрипот „Беше еднаш на истокот“ кој преку зборови и цртежи раскажува приказни кои долго остануваат во срцето.
Голема чест ни е што денеска со нас беше и авторот на стрипот Бобан Пешов.Негово дело инспирирано од вистинска животна приказна за иселеништвото, семејството, надежта и враќањето кон сопствените корени. Стрипот е издаден од издавачката куќа „Бункер“, и чест ни е што денеска со нас беше и Владимир Битољану од „Бункер“
Кој е Бобан Пешов? Роден во Македонија, Трсино во 1988 .Во 1996 година како дете, се иселува во Италија каде завршува основно,средно образование и ги завршува студиите по архитектура во Торино.Создава стрипови, карикатури и сатирични илистрации кои брзо привлекуваат публика на социјалните мрежи.
Во 2025 година го објавува стрипот „Беше еднаш на Истокот“ и за кратко време станува едно од најзабележителните стрип-изданија во Италија. Добива бројни номинации за нагрди на најпрестижните италијански стрип фестивали. Од име на ЈЛБ„Илинден“- Делчево сакам да упатам благодарност и до Ванчо Новоселски советник за образование во општина Делчево, кој е нашата„врска“ со авторот и иницијатор на оваа промоција.
На промоцијата присуствуваше градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, советниците во Советот на Општина Делчево,градоначалници и делегации од Италија и голем број на наши сограѓани.






