„Гледај книга – цртај корица“

ЈЛБ„Илинден“ и НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“- студио и атеље„ Љубомир Белогаски“,заедно, а во соработка со двете основни училишта во градот,денеска реализираме една активност која ја насловивме како„Гледај книга-цртај корица“Целта ни е од постоечките лектири кои се обработуваат во училиштата да се создаде нова корица, онаква каква што ја замислува ученикот – уметник.Сите цртежи ќе бидат наградени, од утре ќе бидат изложени во ходникот на библиотеката, и ќе бидат пред очите на делчевската јавност.

Огромна благодарност до двете основни училишта за добрата соработка, секогаш, и огромна благодарност до овие прекрасни деца, млади уметници многу талентирани и креативни, кои се дел од оваа активност, што ја прифатија поканата денес да цртаа и творат: Нела Јовановска,Искра Георгиевска, Катерина Трајковска,Ива Цонева, Марија Златковска, и Лео Стојменовски, Антонела Николовска, Лора Пецова, Марко Ивановски.Ви благодариме од срце!

Огромно е задоволството што ЈЛБ„Илинден“ за прв пат реализира активност со студио и атеље „Љ.Белогаски“и стручен соработник за визуелни уметности,архитектура и дизајн, Александар Белогаски.Започнуваме денес, но не застануваме тука, искрено се надеваме дека и во иднина ќе реализираме многу активности и проекти.