Недела на Детето

Од 4 до 10 октомври се одбележува Неделата на детето.По тој повод ЈЛБ„Илинден“ ги посети дечињата од детската градинка „Весели цветови“. Им подаривме мали нешта од кои тие со нивните мали ама вредни и креативни рачиња ќе направат убави декорации.

Не само еден ден и една недела, туку секој ден, секој час, децата заслужуваат многу внимание, многу љубов, почит и разбирање. А ако светот останува на младите , на децата, тогаш ние возрасните треба да се потрудиме секој ден да го направиме поубав од вчера.

Големо е задоволството, што со детската градинка, библиотеката има одлична соработка.Секогаш брзо се договориме, лесно се организираме и на крај, убаво се дружиме.

„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви даде душа“.