ЈЛБ„Илинден“ избра читател на летото 2022

. По трет пат ЈЛБ„Илинден“-Делчево, избира читател на летото.

Традиционално и ова лето избравме тројца наши читатели од различна возраст кои го понесоа епитетот „читател на летото“. Од повозрасните наши читатели тоа е Југра Симева, потоа Драгана Крстевa Трајановска и од учениците тоа е Викторија Зафировска.Честитки до сите нив, се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни читатели.

ЈЛБ„Илинден“ и понатаму ќе набавува се што е ново, интересно и барано и им порачуваме на сите наши читатели не само летото, туку и есента да ја поминат со добра книга.

На почетокот сме на новата учебна година, па ги информираме сите наши ученици дека библиотеката располага со сите лектири за основното но и за средното образование, иако мора да ги пофалиме учениците дека оваа лето многу изнајмуваа и читаа лектири, воедно им посакуваме и успешна нова учебна година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *