Промовирана книгата „Паметници за Царево Село“

ЈЛБ”Илинден”-Делчево е горда затоа што издаде прекрасно дело.Вечерва ја промовиравме книгата „Паметници за Царево село“ од авторите Драган Арсовски и Софрон Ѓеоргиевски.

Книгата зборува за црквите и манастирите во делчевско и сведоштва на царевоселци.

Со многу љубов, ентузијазам и со желба да го сочуваме од заборав материјалот вреден како оставштина за делчевските цркви и манастири кои со текот на времето во долгата историја на оваа територија биле разрушувани и полека паѓале во заборав,ЈЛБ„Илинден“ пристапи кон подготовката на оваа исклучителна монографија која ќе остане како аманет на следните генерации делчевци и доказ за времето кое одамна поминало.

Горди на нашата работа и значителниот придонес во обелоденувањето на исклучително значајната содржина во книгата, изразуваме огромна благодарност до семејството Арсовски, особено голема благодарност до Лимонка Арсовска, сопругата на Драган Арсовски, еден од авторите на книгата. Несебично, со многу љубов, без никаков надомест, сите материјали и ракописи Арсовски ги подарија на библиотеката, со цел да бидат зачувани од времето на заборавот.

Во ова дело, сочувани се истражувањата поткрепени со факти, докази, фотографии, преданија за црквите и манастирите во Делчевско, но и сведоштва на времето тешко за живот, со многу премрежја, сиромаштија и борба за живот, сведоштва на обичните луѓе кои на себе го чувствувале и со свои очи го гледале турбулентниот период од создавањето на македонската нација и држава. Ова се вредни сведоштва, вредни како алтани кои скромно, но гласно зборуваат за животот на Пијанец во периодот пред и по Втората светска војна. Овие материјали од неуморните автори се собирани во осумдесеттите и деведесттите години на минатиот век, а во ракопис се чувани повеќе од три децении.

И ете, трудот на професорот Драган Арсовски, конечно, ќе ја „види светлината“ и сите материјали, белешки, сведоштва кои Арсовски долги години ги собирал и чувал, ќе бидат зачувани во оваа книга.

Во самите материјали и белешки има многу вредни, убави и интересни податоци кои денес тешко можат да се најдат и соберат, вредни факти и бројки кои би било штета да останат необјавени на едно место во една книга.

ЈЛБ„Илинден“ подолго време работеше на обработката, уредувањето и ставањето на материјалите во електронска форма и со финансиска помош на Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“, делчевци ќе имаат книга, вредна да се прочита, вредна да се раскажува.

На промоцијата зборуваше директорот на библиотеката Биљана Петровска, лекторот на книгата м-р Даниела Таќева и Николчо Арсовски син на авторот Драган Арсовски.

Делови од книгата пред присутните прочитаа Сара Ангелова, Магдалена Георгиевска, Теодора Тодоровска и Андреа Димитровска.

ЈЛБ„Илинден“ упатува благодарност до градоначалникот на општината Горан Трајковски , за несебичната поддршка околу подготовката и издавањето на книгата.Тој секогаш е тука да не поддржи, помогне и мотивира,потоа на Претседателот на Советот на општина Делчево Гоце Попов,благодарност и до советниците за донесувањето на одлука за финансиската поддршка за печатење на книгата.

Благодарност и до фамилија Арсовски , за сите материјали кои ги дадоа на библиотеката и сега се соберени во самата книга.

И благораност до Наташа и Орце Ристовски од печатница „Студенски сервис“ Скопје, без кои сето ова неможеше да се реализира. Тоа се наши сограѓани кои премногу коректно, премногу фер, и со многу љубов кон родното Делчево и делчевци ја испечатија оваа книга.

Книгата веќе е обработена и достапна до сите наши читатели.Истата може и да се купи од ЈЛБ„Илинден“.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *