ЈЛБ„Илинден“ ја одбележа неделата на детето

ЈЛБ„Илинден“-Делчево заедно со детската градинка „Весели цветови“и годинава ја одбележува неделата на детето.

По тој повод, денеска во посета на библиотеката беа дечињата од детската градинка.Навистина ни беше многу мило што читалната на библиотеката ни беше весела, шарена, насмеана и убава.Над 120 дечиња денес ни го направија денот прексрасен.

На нашата убава средба присуствуваше и градоначалникот општина Делчево, Горан Трајковски кој ги поздрави дечињата и им ја честита детската недела, посакувајки да бидат умни, вредни, да учат да бидат членови на нашата библиотека потенцирајки дека човештвото им должи на децата се најдобро што може да им се даде.

Да им зборуваме за тоа како работи библиотеката сеуште се мали, тоа го оставивме за некоја година подоцна кога искрено посакуваме и се надеваме дека овие дечиња ќе бидат наши членови.

Денес во читалната на библиотеката, ние им изложивме дел од она што го имаме како детска литература, сликовници, боенки, збирки басни , се што е шарено, убаво и интересно за децата.Тие имаа можност да ги разгледаат и подоцна да ни раскажат за кои ликови од книгата знаат и која сликовница најмногу им се допаднала.На крајот од оваа наша убава и весела дружба, дечињата од детската градинка „Весели цветови“ од ЈЛБ„Илинден“ добија подароци играчки, со кој се надеваме дека ќе си играат и забавуваат.

Огромна благодарност до вработените во детската градинка и до сите дечиња за прекрасните слики, ќе го красат делот од библиотеката поветен на дечињата кој е во подготовка.

Инаку детската недела се одбележува секоја година од 5 до 9 октомври.

За крај ќе цитираме една прекрасна мисла на Доситеј Обрадовиќ„Дајте им на децата насмевка, ќе ти ја дадат душата“.

Деца, честит празник!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *