Меморандум за соработка меѓу библиотеките од Делчево и Благоевград

Директорот на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, на покана на регионалната библиотека „Димитар Талев” – Благоевград,  присуствуваваше на Третата конференција на локална историја на тема„Народните занаети од македонскиот регион“

На конференцијата учество земаа поголем број на библиотеки.Ова меѓу другото беше одлична можност за воспоставување на соработка помеѓу ЈЛБ„Илинден“-Делчево и библиотеката од Благоевград.Потпишан е и Меморандум за соработка меѓу двете библиотеки. На Конференцијата навистина имаше што да се слушне, види и научи. Беа претставени карактеристични занаети од регионот со репортажи, презентации и мали изложби.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *