Одржана работилница на тема „Птици преселници“

Во чест на храбрите, силни и истрајни птици преселници, денес во ЈЛБ„Илинден“-Делчево се одржа работилница на тема„Птици преселници, ве очекуваме!“.На работилницата присуствуваат второоделенците од ООУ„Ванчо Прке“.Тие ни донесоа мали цртежи со ластовички и штркови и истите ги ставивме на дрвцата во читалната на библиотеката.Зборувавме за птиците преселници кои со радост ги очекуваме.Гледајки од далеку, сите заедно заклучивме дека големото гнездо на штрковите кај поштата, кои секоја година ни доаѓаат, е зачувано и може да ги вдоми штрковите и оваа година.


Благодарност до сите дечиња и до нивните наставнички Елизабета Џабирска, Бети Јовановска ,Даниела Ангеловска и Дејан Глинџарски за креативноста, организираноста и успешно реализираната работилница.Чест ни беше што беа наши гости.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *