„Мојата убава кукла„

„Мојата убава кукла“ беше насловот на работилницата што денес ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја организираше со 12 девојчиња.Сите имаа можност да ги разгледаат и да си поиграат со 28 кукли облечени во различна народна носија.
Се запознаа со секоја носија , од каде потекнува и кој народ ја носи. Девојчињата им дадоа имиња на сите кукли и избраа три најубави.


Повеќето од нив за прв пат имаа можност да видат вакви кукли.Беше интересно, радознало и возбудено.
Им благодариме на сите учесници во работилницата и на оние кои беа дел од неа – малите слатки девојчиња, но и на оние кои ни помогнаа во реализацијата- нивните родители.


Народните носии имаат долговековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на секој народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на секој народ тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *