Со голема радост и инспирација објавуваме дека конкурсот „Најубава домашна библиотека“ организиран од ЈЛБ„Илинден“-Делчево е успешно завршен.
Примивме бројни фотографии од топли, уникатни и убаво уредени домашни библиотеки-вистински храмови на знаењето, љубовта кон книгите и личниот дух. Секоја пријава беше посебна приказна. Со оглед дека сите 16 учесници кои се дел од конкурсот, се потрудиле да ја фотографираат својата домашна библиотека и да ни ја прикажат во најубаво светло, тешко беше да се одлучиме за победник. Затоа денес во ЈЛБ„Илинден“, наши гости беа сите учесници на конкурсот и сите добија подарок книга, која ќе стои на полиците на нивните домашни библиотеки.
Со конкурсот докажавме дека љубовта кон книгите, живее и се негува во секој дом. Ана Попова, Илија Попов, Валентина Даневска, Дамјан Стоименовски,Лидија Дамјанова, Сузана Давиткова,Невенка Стоименовска, Елена Стоименовска, Елизабета Илиевска,Моника Анакиевска,Мартин Цеков, Ана и Даме Ивановски, Гордана Каракашевска, Благој Милчевски Даниела Такева,Марија Георгиева.
Ви благодариме што ја споделивте вашата библиотека со нас! Нека продолжи читањето да ги зближува срцата!