Во холот на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, поставена изложба „Делчево од високо“на нашиот сограѓанин,Бобан Стоименовски.
Преку фотографиите, што се изложени,сите што ќе ја посетат изложбата ќе имаат можност да го погледнат нашиот град од една нова перспектива- од височините што ја откриваат неговата убавина, хармонија, раскош, архитектура и душа.
Изложени се вкупно 25 фотографии. Секоја фотографија е приказна, секој кадар е миг во кој природата и авторот на фотографиите, заедно создаваат уметност. Оваа изложба е покана, повторно да се заљубиме во Делчево, гледајќи го од агол што ретко го имаме пред очи.
Сите фотографии не потсетуваат дека секојдневието што понекогаш ни изгледа обично,од високо се претвара во уметничко ремек дело создадено од Бобан.
Бобан Стоименовски, веќе знаеме е наш сограѓанин, кој живее и работи во Англија.Подолго време се заминава со фотографија.
Бобан е креативен , посебен на свој начин, уникатен, талентиран и различен. Неговиот талент за фотографија, како град, како институции и како поединци, мора и треба да го искорисатиме, за доброто на нашиот град, културата и уметноста во него.
Проектот „Делчево од високо“ на Бобан Стоименовски е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам, и ова е втора соработка на авторот со ЈЛБ„Илинден“-Делчево.