ЈЛБ„Илинден“-Делчево заедно со проводделенците од двете основни училишта во градот, го одбележува денот на шегата.Пред Априлијадата, која е еден од можеби најубавите и радосните настани во градот,а и годинава е во организација на Општина Делчево, детската градинка и училиштата во градот, библиотеката одлучи на сите ученици од прво одделение да им подари маски и доколку дечињата сеуште не знаат како да се маскираат утре да ги искористат тие маски и спремни да го одбележат 1 април, денот на шегата.
Секогаш е убаво кога дечињата се наши гости и кога секаде околу нас е полно радост, шаренило, насмевки и песни.
Им посакуваме убаво да си поминат утре на Априлијадата и да уживаат во денот.Ние како библиотека и понатаму ќе бидеме тука за сите нив.
Огромна благодарност до наставничките Верица,Соња,Цветанка,Александра,Цветанка и Каролина.