ЈЛБ„Илинден“-Делчево, одржа предавање на тема која можеби не е директно поврзана со книгите и читањето, но разговаравме за една метода со која се лечат здравствени проблеми, појави и предизвици, кои ги имаат се поголем број на луѓе, особено родители.
Зборувавме за Неурофидбек терапијата, терапија која се смета за терапија заснована на докази, која не користи лекови и може да помогне во лекување на голем број болести и регулирање на симптоми на повеќе состојби.
Предавач беше Весна Илова Ташева, која е и прв неурофидбек терапевт кај нас,специјален едукатор и рехабилитатор, и Ивана Димитровска,прв неурофидбек терапевт во Германија од Балканот.
Голема благодарност до предавачите, задоволство ми беше што беа во нашата библиотека, се надеваме дека преку одговарањето на прашањата кои беа поставени на предавањето, сите заедно успеавме да разјасните што претставува оваа метода и да слушнеме на кој начин им помага на луѓето.
NEUROFEEBACK успешно се справува со проблеми со кои секојдневно се соочуваме.Кај децата та се: неразвиени когнитивни способности, пелтачење, тикови, Аутизам, хиперактивност.
Кај возрасните третира: мигрена, несоница, депресија, анксиозност, емоционален дисбаланс, панични напади, главоболки.