Реализирана работилницата „Стари времиња во нови раце“

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, организираше работилница на тема„Старите времиња во нови раце“.Едукативна и креативна работилница за деца, на која најмладите имаа можност да се запознаат со предмети што биле составен дел од секојдневието во минатото-фурка, вретено,ѓум,чекрт, цедилка,аван,фута,решто, котле и други алатки и предмети кои денешните генерации ретко ги среќаваат.

Преку практично запознавање, раскажување приказни и интерактивни активности, децата научија како нашите баби и дедовци живееле, работеле и се забавувале во едно време без технологија, но полно со рачна умешност, традиција и заедништво.

Целта на оваа работилница беше да се негува културното наследство и да се разбуди љубопитноста кај децата за обичаите и животот на нивните предци.

На работилницата учествуваа 30 дечиња.

Библиотеката упатува благодарност до нив и нивните родители, за беспрекорната, веселата и креативната соработка.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *