Предновогодишно, 16 дечиња денеска во детското катче на ЈЛБ„Илинден“, во новогодишна атмосфера, рекламираа сликовници кои библиотеката ги има, а кои за време на празниците и зимскиот распуст, треба да им бидат прочитани.
Беше многу слатко, убаво, забавно и мило.
„Виктор на дедо Мраз му треба помош“, „Ноќта пред Божиќ во земјата на чудата“, „Новогодишен подарок“, „Новогодишни приказни на баба Ципора“, „Приказна за дедо Мраз“, „Божиќна приказна“, „Волшебна Нова година“ и уште десетина други убави сликовници, дечињата преку фотографија , им ги препорачуваат на своите другарчиња и на родителите.Празниците и распустот нека биде убава бајка со убави сликовници.
Благодарност до дечињата и до нивните мајки,што беа дел од оваа активност и што направија детското катче да биде весело, гласно и насмеано.
ЈЛБ„илинден“ уште еднаш ги информира читателите дека располага со голем број на сликовници и многу наслови детска литература.