Од прекрасна сликовница која во библиотеката е достапна за сите деца „Животните од фармата“, читавме убави приказни за козата, овцата, кокошката, кравата.
Дечињата разговараа за тоа каде живеат домашните животни, дали виделе кокошарник, штала и трло. Слики од домашни животни децата ги сортираа и сместуваа во штала, трло, кокошарник, куќичка за куче, маче и сл.
Многу убава дружба, убав разговор, куп поставени прашања, игра и забава на денешната работилница.Децата преку поставените прашања ни покажаа колку сакаат да знаат се,колку сакаат да разменат искуства и знаења со другите деца и колку ги сакаат и сакаат да зборуваат за животните.
Во времето во кое живееме, се помал број на деца знаат за живеалиштата на домашните животни.Уште помал број виделе во живо штала, трло, кочина или кокошарник.Времето во кое скоро сите чувавме домашни животни, кога се одеше на село кај баба и дедо и децата помагаа да се нахранат животните, кога децата повеќе беа и играа надвор, одамна помина.Убаво би било понекогаш преку работилници, предавање или игри децата да се запознаат,потсетат или научат за тоа каде живеат домашните животни.
ЈЛБ„Илинден“-Делчево, упатува голема благодарност до сите родители за соработката и успешното реализирање на сите работилници, за кои интересот е се поголем.