ЈЛБ„Илинден“-Делчево и третооделенците од ООУ „Ванчо Прке“, заедно ја одбележавме 153 годишнината од раѓањето на великанот ГоцеДелчев. Дел од учениците споделија мудри изреки на нашиот револуционер и еден од најистакнатите македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија.
Заедно со наставничките Елизабета, Даниела и Бети, читавме и зборувавме за лектирата ГоцеДелчев. Им раскажавме на учениците дека ГоцеДелчев е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Освен тоа што бил револуционер, тој бил и голем тактичар и политичар кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина.
Да гочуваме и почитуваме ликот и делото на ГоцеДелчев.