На барање на Германската амбасада, денес во посета на ЈЛБ„Илинден“-Делчево беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија , Петра Дрекслер.
Чест и задоволсво ни беше да и посакаме добредојде во нашата библиотека.Ја запознавме со работата на библиотеката, просториите и книжниот фонд. Посебно внимание посветивме на германската литература со која располага библиотеката, информирајќи ја дека имаме германска литература на македонски јазик, но немаме наслови напишани на германски јазик.
Разменивме идеи кои во иднина би можела библиотеката да ги реализиза, а да бидат посветени на германскиот јазик.