При посетата на амбасадорката на Германија на нашата библиотека, беше договорено учениците што го изучуваат германскиот јазик во нашите училишта, да се регистрираат на online библиотекаста на Goethe institute и да можат да ја користат при изучувањето на германскиот јазик. Кодот и начинот за регистарција беше испратен до библиотеката.
Наставничката по германски јазик, Лидија Таушанска на наше барање, им помогна на неколку ученици да се регистрираат и веќе можат online да користат литература на германски јазик.Денеска во читалната на библиотеката тие беа наши гости и читаа и раскажуваат од литературата за деца што ЈЛБ„Илинден“ ја доби при посетата на амбасадорката Дрекслер.
Како библиотека мораме и треба да им овозможиме на сите ученици кои сакаат да изучуваат било кој јазик, пристап до литература, начини и услови за нејзино користење.
Денекса се дружевме со осмооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“, се надеваме дека следното наше дружење ќе биде со учениците кои го изучуваат германскиот јазик од ООУ„Ванчо Прке“.