Чест и задоволство ни е што ЈЛБ„Илинден“-Делчево, како подарок доби два примероци од седумтомната книга „Слова за Словото“од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Црковната литература на библиотеката е побогата за уште едно навистина вредно дело, кое ќе биде достапно до сите наши читатели.
Благодариме од срце на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и се радуваме што „Слова за Словото “ ќе ги краси нашите полици, и ќе можат да го читаат сите наши членови.
ЈЛБ„Илинден“-Делчево располага со црковна литература и можеби сме меѓу ретките библиотеки кои имаат црковна литература пишувана на црковно-словенски јазик.
Во скоро време , во соработка со Делчевско-каменичката епархија, ќе набавиме и нова црковна литература.