После жените,цвеќињата се најубавото нешто што Бог го дал на овој свет.Рекол некој некогаш и бил во право.
Секоја година ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денот на жената, го одбележуваше со избор и награди за 5 најредовни читателки од различна возраст и професија.Оваа година одлучивме овој празник да го одбележиме и со второоделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“.Благодарност до сите дечиња и до нивните наставнички Александра, Мимица , Ели и Горица што се подготвија за денешната мала приредба.Пеевме, рецитиравме и се дружевме во чест на сите жени, а во пресрет на 8-ми Март, меѓународниот ден на женат
Мухамед Али рекол: „Постојат две сили во светот, првата е мечот, а другата е пенкалото. Постои огромна конкуренција и ривалство меѓу овие двете. Постои и трета сила посилна од претходните две, силата на жената“
Честит 8-ми Март до сите припаднички на понежниот пол.