Нова донација на книги во ЈЛБ „Илинден“ Делчево

 Нови прекрасни сликовници за најмалите и поголем број на нови наслови за деца и воздрасни, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, доби на подарок од Мартин Димоски.

Мартин, како што самиот ни раскажа го сака Пијанечкиот крај, ја следи и му се допаѓа работата на библиотеката, и од тие причини, решил да донира нови наслови.

Му благодариме од срце! Ми благодариме што им донираше радост на нашите најмали читатели кои ги обожаваат сликовницие, меѓу кои има и сликовници кои библиотеката ги немаше.

Покрај донацијата, Мартин е сега и наш член и секогаш е добредојден во нашата библиотека.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *