ЈЛБ„Илинден“ го одбележа меѓународниот ден на Ромите

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево,неколку години по ред го одбележува меѓународниот ден на Ромите, со повеќе активности.

Овој 8 Април, денот го одбележуваме заедно со двете основни училишта во градот. Денес наши гости беа учениците Роми од подрачното училиште на ООУ„Св.Климент Охридски“, село Тработивиште,со наставникот Ален Зекировски , Валентина Даневска, библиотекар во училиште, како и неколку ученици Роми од ООУ„Ванчо Прке“ и Габриела Димитровска, библиотекар во училиштето.

Учениците зборуваа за значењето на овој ден, историјата и денешницата на Ромите, се читаше поезија на ромски и македонски јазик.

ЈЛБ„Илинден“ има мал број на литература на ромски јазик, имаме речник и граматика на ромски јазик.Но, имаме и збирка поезија на ромски јазик од нашиот роднокраен автор Сабри Демиров, која е пишувана и на ромски и на македонски јазик.Традиционано по повод меѓународниот ден на Ромите,библиотеката избира читател Ром. Епитетот читател Ром во ЈЛБ„Илинден“-Делчево, годинава го понесе Седат Ибраимов, наш редовен читател. На настанот по повод одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите, и ООУ„Св.Климент Охридски го награди најдобриот ученик Ром од нивното училиште, тоа е ученикот Алисија Нарин Мемедова, а од ООУ„Ванчо Прке“ тоа е ученичката Севги Ибраимова. Честитки до наградените.

Меѓународен ден на Ромите, 8 Април официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

Нека е честит меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, денот на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *