Велигден е еден од најубавите и најважни христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат.
Во пресрет на Велигден, денес во попладневните часови, во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево“ се одржа работилница „Шарено и креативно за Велигден“.
Работилницата беше во организација на ЈЛБ„Илинден“ и на неа присуствуваа 28 дечиња на различна возраст.
Децата најнапред со боички направија убави велигденски декорации на лист, па со помош на лепак и дрво, направија истите да можат да се стават на украсно дрвце.
Две вештачки укрсни дрвца кои ќе бидат изложени во холот на библиотеката, се полни велигденски јајца, зајчикња, кошнички,изработени со многу љубов, радост и смеа.
Благодарност до сите дечиња кои беа дел од оваа работилница.
За забавата, песната и музиката после подготвувањето на декорациите, ќе ви раскажеме друг пат.