ЈЛБ„Илинден“-Делчево го одбележа светскиот ден на книгата

23 Април сетскиот ден на книгата и авторското право („Денот на розите“) е неслучајно одбран уште во далечната 1923 година во Шпанија. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на овој датум.

Идејата поттикнала менување на книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за празникот.

Во 1995 година, УНЕСКО решило да го официјализира датумот како „Светски ден на книгите“, поради каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, која се случила на истиот овој датум.

ЈЛБ„Илинден“-Делчево и годинава го одбележува светскиот ден на книгата со неколку активности.Со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ во градскиот парк пред библиотеката, имавме штафета на книгата.Долга редица од дечиња во градскиот парк, си предаваат лектири и сликовници се до читалната на библиотеката, каде имавме краток натпревар за тоа,колкав број на книги поминаа низ нивните рачиња,

кое дете колку наслови на книги има запаметено од тие што како штафета си ги предаваа од рака на рака.Беше интересно и возбудливо.

По повод светскиот ден на книгата , дечињата направија и прекрасни цртежи на тема книга и истите ги изложија низ холот на библиотеката, секој лепејки го својот цртеж, онаму каде што сака.Благодарност до ООУ„Ванчо Прке“ и наставничките Соња, Цветакна и Андријана,што ни помогнаа околу реализација на настанот.

Традиционално по повод светскиот ден на книгата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево избира и читател на годината.Овој 23 Април, епитетот читател на книгата го понесе Сунчица Димитровска, наша долгогодишна редовна читателка.Честитки! Посакуваме и понатаму да биде наш редовен читател.

По повод светскиот ден на книгата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, додели благодарница на Порталот Delcevo 365.mk и Валери Спасевски, затоа што секогаш, навремено, квалитетно и редовно ги пренесува и презентира сите активности на библиотеката, а со тоа ја афирмира книгата и читањето.

Овој традиционален настан во голема мерка е насочен кон децата и има за цел да ја поттикне нивната љубов кон читањето.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *