Четвртооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“-Делчево,по предметот Македонски јазик, тема Медиумска писменост, учат за Саем на книга и посета на библиотека.
На барање на наставничките, Јулија, Даниела и Васка, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, денеска не само што им ги отвори вратите на дечињата, покажувајки им како работи една библиотека, туку и импровизиравме саем на книга, за да можат децата сликовито да видат како би изгледал еден саем на книга и што се прави на него.
Учениците имаа можност да разгледаат три штанда поставени во читалната на библиотеката и да научат како треба да се однесуваме кога сме на саем на книга.Вработените во библиотеката пак, им покажаа како се издаваат книги, како се обработуваат и на кој начин функционира една библиотека.
Меѓу нашите гости беше и Дариа Петровска,која како претставник на ЈЛБ”Илинден”-Делчево,учествуваше на манифестацијата “Пролет,љубов,смеа” во организација на Општинска установа Дом на култура “Крсте Мисирков”-Св.Николе и од таму доби благодарница.Честитки за Дариа.
Ни беше мило што беа наши гости.Продолжуваме да се дружиме, учиме и соработуваме!