Одбележан денот на македонската азбука и македонскиот јазик

На 5 Мај со гордост го одбележуваме Денот на Македонската азбука и македонскиоит јазик- ден посветен на нашиот мајчин јазик,кој е темел на нашиот идентитет и културно наследство.

Македонската азбука, кодифицирана токму на овој ден во 1945 година,претставува симбол на писменоста,самобитноста и вековната борба за афирмација на македонскиот јазик.Овој ден е потсетник дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и чувар на нашата историја, традиција и духовност.

Денес го славиме јазикот кој не обединува, нашата азбука која не опишува.

Да продолжиме сите заедно-ученици, наставници, културни работници, сите граѓани, да го негуваме,развиваме и почитуваме македонскиот јазик со достоинство и љубов.

Пред точно 80 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите, конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците .

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината.

Годинава овој значаен датум го одбележавме со петоооделенците од ООУ„Ванчо Прке„ и нивните наставнички Даниела, Цветанка и Јадранка.Благодарност го наставничките што ни помогнаа во релизација на овој настан, и секако до сите наши гости и присутни кои денес беа во бнашата библиотека.

Среќен 5 мај- Ден на македонската азбука и јазик!

Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик-збор по збор, генерација по генерација.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *