ЈЛБ„Илинден“-Делчево, традиционално и оваа година на 1 Септември, со голема радост им посака среќен почеток на првачињата во новото патување!
Нека секој училишен ден им биде исполнет со насмевка,другарство и убави спомени.Нека училиштето им биде место каде што ќе растат, ќе научат и ќе сонуваат големи соништа!
Вратите на нашата библиотека секогаш се отворена за сите нив!
Покрај нивните родители и наставници, нека и вработените во библиотеката бидат нивни водачи на оваа патување. Со нивната љубов,трпение и поддршка, ќе се потрудиме да ги направиме уште посилни и уште посреќни!
Денес ги посетивме во училиштата,подарувајќи им боички,а од денес, па во текот на целата учебна година, очекуваме да не посетуваат тие, да читаат, да се дружиме и забавуваме.