Во светот на бајките со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“

Преку забава и игра да ги запознаеме нашите најмали-првачињата, со волшебниот свет на сликовниците што ги нуди библиотеката. Денес наши гости беа првачињата од ООУ„Ванчо Прке“.

На креативен забавен начин денеска во читалната на библиотеката ги мотивиравме да читаат, да откриваат нови светови и да ја разбудат љубовта кон книгата уште од најмала возраст.

Се забавувавме и дружевме со Црвенкапа,Малата сирена,Петар Пан,Желката и зајакот,Мачорот в чизми,Грдото пајче,Волкот и седумте јариња, Снежана,Златка и трите мечки,Медо и Маша и други сликовници кои чекаат првачињата да научат да читаат и да ги прочитаат.

Библиотеката е нивна прва станица на патувањето кон знаењето, а патувањето започнува со една сликовница.

Благодарност до сите дечиња и наставничките Соња, Андријана и Цветанка.Читалната ни беше прекрасна, бучна, весела и разиграна!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *