Во светот на бајките со првооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“

Денеска влеговме во светот на бајките со првооделенчињата од ООУ„Св.Климент Охридски“.

На нашите денешни гости, малите јунаци и принцези им раскажавме дека кога ќе научат да читаат, во библиотеката ги чека вошебен свет-свет на бајки, храбри јунаци,весели животни и магични авантури.

Со прво одделение се започнува нова приказна, а книгите на децата се најдобри другари.

Им кажавме дека сакаме да станат наши членови и секој ден да откриваат ново чудо!

И денеска се забавувавме и дружевме со Црвенкапа,Малата сирена,Петар Пан,Желката и зајакот,Мачорот в чизми,Грдото пајче,Волкот и седумте јариња, Снежана,Златка и трите мечки,Медо и Маша и други сликовници кои чекаат првачињата да научат да читаат и да ги прочитаат.

Читањето е магија што расте во нас!

Благодарност до сите дечиња и наставничките Каролина, Маја и Ана.Читалната и денес ни беше весела,насмеана и разиграна!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *