Библиотеката продолжува со промовирање на наши талентирани сограѓани

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, продолжува да ја спроведува својата културна мисија преку промоција на талентирани сограѓани, кои иако поседуваат значајни креативни способности, не се доволно афирмирани пред пошироката јавност.

Со оваа активност даваме поддршка на нивниот труд,создавање и уметнички израз, со цел тие да бидат препознаени и ценети во нашата заедница.

Во просториите на библиотеката ќе бидат изложени неколку резби на нашиот сограѓанин Стоил Петровски.Прекрасни рачно изработени дела, кои нашите читатели ќе можат да ги погледнат.

Стоил веќе долги години се занимава со резба и создава прекрасни изработки а за неговиот труд, талент и работа, недоволно се знае. Моментално работи на иконостасот во манастирот Св.Илија во Ѕвегор.Му благодариме од срце, што и покрај обврските, најде време да донесе дел од неговите резби во библиотеката и се согласи токму тој да биде нашиот сограѓанин кој библиотеката преку изложба на неговите резби, го промовира неготото творештво.

Библиотеката продолжува да ги промовира сите наши талентирани сограѓани кои создаваат вредни дела за кои јавноста малку знае.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *