Доделени наградите од конкурсот “Најстар зачуван документ“

Во ЈЛБ„Илинден“-Делчево, доделени наградите од Конкурсот„Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“.

Со вој настан ја потврдивме важноста на семејната и културната меморија, како и љубовта кон пишаното наследство што се пренесува од генерација на генерација.

На Конкурсот првото место го зема

-Ѓорги Попов

Документи со стари османлиски ракописи.Текстот е на османлиско-турски јазик,варијанта на турски јазик со арапско писмо,кое се користел во Османлиското царство до 1928 година.На дното на документите има султански тугра(монограм/симбол на Султанот, официјален потпис кој се користел во сите правни и административни документи).Документите содржат табели со имиња и податоци, попис или катастерски запис на земјиште, даноци или имот).Еден од документите има украсена рамка и е официјален ферман или тапија (потврда за сопственост).

Второ место за

-Максим Стефановски

Документи кои се многу значајни историски извори поврзани со официјалното утврдување на границите на Кралството СХС (подоцна Југославија) со соседните држави по Првата светска војна.Првиот документ е врзан со Најскиот договор од 27 ноември 1919,мировен договот меѓу сојузниците и Бугарија.Вториот документ е најверојатно верзија и потврдување на југословенско-грчката граница.Овие документи претставуваат службени геодетски и дипломатски извештаи, кои биле основа за официјалните карти и за правното утврдување на државните граници. Денес тие се редок и важен материјал за историчарите,правниците и географите.

И третото место до освои

-Невенка Стоименовска

Документи од 1942 година кој претставуваат дел од официјалната администрација во тој период, кога источна Македонија била под бугарска управа.Тие се вредни семејни и историски сведоштва.Пишувани се на бугарски јазик со стар правопис.

Подарок книга добија и сите други кои учествуваа на Конкурсот: Лидија Дамјанова, Анита Цонева, Сања Николовска, Ванчо Новоселски и Биљана Петровска.

Голена благодарсност до сите учесници кои ни ја отворија вратата кон историјата и ни го претставија своето семејно богатство.Нивните документи се вистинско сведоштво за времето и за традицијата што треба да ја чуваме.

Нашата библиотека и понатаму останува место каде минатото се среќава со иднината.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *