Во времето во кое читањето често се поврзува со жените и децата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево со особена гордост ја истакнува улогата на мажите кои читаат.
Тие се пример дека книгата е сила што инспирира,образува и гради карактер.Со својата љубов кон пишаниот збор, тие ја рушат предрасудата дека читањето е „ за други“ и покажуваат дека вистинската моќ е во знаењето.
Библиотеката и овој Септември ја креираше топ 5 листата на читатели мажи, која изгледа вака:
1.Хрстијан Петровски
2.Благојчо Грлнски
3.Лука Постоловски
4.Андреј Ристевски
5.Даме Ивановски
Сите добија подарок книга , тие се наши редовни читатели и ја чуваат магијата на библиотеката жива.
Мажите кои читаат се мажи кои водат, знаат и инспирираат.