Oдбележана детската недела

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Но, не само оваа недела. Секој ден и секоја недела во годината треба да се водиме од принципите за заштита на правата и интересите на децата, како што е предвидено и со Законот за заштита на децата, Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации, како и целокупната домашна и меѓународна регулатива која се однесува на правата на децата.

Годинава, ЈЛБ„Илинден“-Делчево , ликовно ателје„Љубомир Белогаски“при НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“-Делчево и ООУ„Ванчо Прке“ заедно ја одбележуваат неделата на детето со ликовн работилница.

Ликовната работилница, ја реализиравме заедно со Антонела Спасовска Манова, наставник по ликовно образование при ООУ„Ванчо Прке“.На работилницата учествуваа 6 ученици: Марија Захариева, Елеонора Ѓеорѓиевска, Елена Стојановска, Сара Димитровска, Анисија Митков, Анабела Цветковски, a темата беше слободна.

Се создадоа прекрасни слики од нашите мали а големи уметници.

Вакви работилници ќе се реализираат и со другите образовни институции,и сите слики ќе бидат изложени на едно место, за да можат нашите сограѓани да ги разгледаат.

Децата мора да бидат наш најважен приоритет.Тие тоа го очекуваат од нас.Тие тоа го заслужуваат.Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *