Со читање сликовници библиотеката ја одбележи Детската недела

По повод детската недела, децата од нашата детска градинка „Весели цветови“-Делчево, на возраст 4 и 5 години, утрово ја посетија ЈЛБ„Илинден“-Делчево.

Радосни и љубопитни, тие прошетаа низ светот на книгите, слушнаа како работи една библиотека, како се издаваат книги, и учеа за магијата што ја носи читањето.

Вработените ги пречекаа со насмевка, им раскажаа како се чуваат книгите и им овозможија да прелистуваат сликовници полни со бои и фантазија.

Посетата заврши со песна, а децата си заминаа со ветување дека ќе се вратат повторно, бидејќи библиотеката е место каде секој ден е приказна.

Благодарност до директорката Билјана Симовска и до воспитувачката Марија Стоименовска и негователките Весна Цветкова и Данче Ѓеоргиева, што беа дел од оваа убава детска авантура.

Секое дете е мала искра што го осветлува светот со својата насмевка, чисто срце и бескрајна љубопитност.

Во секое дете живее надежта, радоста и иднината, затоа да ги слушаме, поддржуваме и сакаме бескрајно!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *